30 затвореници штрајкуваат со глад, во штипскиот затвор

30 затвореници штрајкуваат со глад, во штипскиот затвор


Триесетина затвореници од штипскиот затвор штрајкуваат со глад.

Обвинуваат дека цвета корупцијата,шверцот и наркоманијата. Голем дел од нив велат дека не ги добиле решенијата за амнестија иако било најавено.  Се жалат и  на лошите услови во затворот. Тврдатчуварите врз нив вршеле физичката и ментална тортура.

„Има тортура во затворот, мито и корупција. Јас ако сакам да купам еден сок треба да купам и за него, мито. Ги пуштаат тие што плаќаат, тој што нема пари ќе си чека“, вели затвореник

Директорот на управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ вели дека никој не штрајкува со глад и официјално до управата тоа не е пријавено.Тој   во емисијата 24 отворено, рече дека информациите за мито во затворите се шпекулација бидејќи целата работа е во рацете на судот.

Доаѓаат 55 решенија, меѓутоа само 5 од нив се за веднаш за излегување и одма се шират шпекулации дека тие што излегле платиле“, вели Јовица Стојановиќ

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно