24 години затвор за корупција

24 години затвор за корупција


Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун Хе осудена е на 24 години затвор на судењето за корупција кое директно беше пренесувано на телевизија.

На Парк (66) која беше сменета во март минатата година поради корупциски скандал, и се закануваше казна затвор до 30 години. Таа веќе една година се наоѓа во притвор поради незаконски врски со моќни јужнокорејски конгломерати.

Во центарот на аферата се наоѓа долгогодишната пријателка и соработничка на Парк – Чои Сун Сил. Парк е обвинета дека со соработка со Чои прифатила и и било ветено мито од јужнокорејските гиганти самсунг, Лотес и СК во замена за политички услуги. Исто така таа беше осомничена дека натерала 18 големи компании да донираат во две добротворни фондации со кои управувала Чои. Таа веќе е осудена на 20 години затвор поради злоупотреба на моќ.

Поради голем интерес на јавноста, изрекувањето на пресудата на Парк беше пренесувано на телевизија. Таа не присуствуваше на судењето. Обвинителството за неа бараше 30 години затворска казна и парична казна од 89 милиони евра.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно