2018 година на катаклизмични земјотресенија

2018 година на катаклизмични земјотресенија


По четири силни потреси во 2017. година, кои биле посилни од 7 степени според Рихтеровата скала, научниците предвидуваат дека оваа година ќе има двојно повеќе такви катастрофални земјотреси.

Да потсетиме, потрес од 7,9 степени се случил во јануари 2017. година на брегот на Алјаска, во Хондурас имало земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер, во Перу јачината на потресот била 7,1, а потоа во Мексико дошол земјотрес со јачина од 7,2 степени. 

Во овие земјотреси имало многу жртви, поради што научниците се обиделе да најдат одговор на прашањето што не чека во иднина. На основа на географските податоци и примероци, геолозите веројатно предвидуваат дека не не чека ништо добро, дури и напротив. Тие најавуваат дека оваа година ќе се случат двојно повеќе земјотреси.

Според тврдењата на научниците, тоа поради силните врски меѓу брзината на ротацијата на Земјата и сеизмолошките активности. ОД 2011. година планетата ротира се побавно, а таа промена, иако минимална, може да предизвика интензивни активности во внатрешноста на Земјата.

Американските научници нагласуваат дека забавувањето на Земјината ротација во пет случаи, довело до двојно зголемување на бројот на силните земјотреси, се вели во извештајот на Роџер Билен од Универзитетот Колоради и Ребека Бендик од Универзитетот Монтана.

Земјата ни праќа петгодишни предзнаци за идните потреси", вели Билем.

"World Risk Report" во 2016. година објавил дека најнесигурна земја на светот е Вануати, островска држава во Тихиот океан, на која и се закануваат природни катастрофи како земјотреси, вулкански ерупции и циклони. Потоа на мета се Тонга, Филипини, Гватемала и Бангладеш.

Албанија според тие податоци е најризичното подрачје во Европа и според опасноста од природни катастрофи се наоѓа на 40. место.

Во самиот врв е и Холандија. Хрватска и Словенија се во група на сигурни земји од катастрофи, а се наоѓаат на 125. односно 134. место на листата која опфаќа 171 земји.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно