175 години затвор за сексуално злоставување

175 години затвор за сексуално злоставување


Долгогодишниот доктор на екипата на американски гимнастичарки Лери Насар, денеска е осуден на 175-годишна затворска казна поради сексуално злоставување на околу 160 млади гимнастичарки.

- Токму сега ви ја потпишав смртната пресуда - наведе судијката Роземари Аквилина.

Судијката истакна дека Насар никогаш повеќе не заслужува да шета надвор од затворот.

Насар веќе ја отслужува 60-годишната затворска казна, што ја доби поради детска порнографија. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно