110.000 кондоми за атлетите - почнуваат Зимските Олимпски Игри

110.000 кондоми за атлетите - почнуваат Зимските Олимпски Игри


Денеска свечено ќе бидат отворени ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореа. Рекордни 2.925 спортисти од 92 земји ќе се борат за медалите на рекордно ниски температури од -20 степени.

Во Пјонгчанг ќе се појават дури 100 атлети повеќе од претходните Зимски Олимписки Игри во Сочи. Температурата во зимскиот центар во Пјонгчанг не се качила над -10 степени веќе неколку недели. 

Свеченото отворање на Игрите ќе почне во 20 часот по тамошно локално време а во 12 часот напладне по наше време. 

Македонија ќе има тројца претставници: Ставре Јада којшто ќе го носи знамето на отворањето, Антонио Ристевски и Викторија Тодоровска. Што се однесува до поранешните југословенски репулбики, Словенија има дури 71 претставник и е најбројна селекција. 

Хрватска отпатува со 19 атлети, Србија и БиХ по четворица спортисти, Црна Гора тројца а дебитантот Косово само еден. Во досегашната историја на ЗОИ најуспешна е Норвешка со вкупно освоени 332 медали од кои 118 златни, 113 сребрени и 101 бронзен медал. 

ЗАНИМЛИВОСТИ:

2.925 атлети ќе учествуваат; 

92 земји учеснички; 

6 нации дебитанти: Еквадор, Еритреја, Косово, Малезија, Нигерија, Сингапур; 

242 атлети од САД која е најбројна селекција, 102 златни медали ќе се доделат, четири повеќе од претходните ЗОИ во Русија; 

7 дисциплини на снег (алпско скијање, нордиско скијање, бијатлон, нордиско комбинирано, салта со скии, сноуборд и акробатско скијање); 

5 дисциплини на мраз (карлинг, хокеј, уметничко лизгање, брзо лизгање на кратки патеки, брзо лизгање); 

3 дисциплини на снег и мраз, ’лизгање’ (боб, скелетон и санкање); 13 олимписки објекти меѓу Пјонгчанг, Канјин (крајбрежен град на исток) и Џангсун (на југ); 

-20 минималната температура во февруари во Пјонгчанг; 

17 канцеларии на располагање имаат делегациите; 30.605 камери ќе ги испратат Игрите; 

17.300 волонтери; 

110.000 кондоми или по 37 од спортист се дистрибуирани во Олимписките села (во Пјонгчанг и Канјин), во конференциските сали и во медија селото во Канјин; 

130 километри нови автопати се направени за Игрите. 120 нови километри железничка линија со експресни возови е изградена за потребата на ЗОИ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно