10 години го чувале врзан со синџири

10 години го чувале врзан со синџири


Странските медиуми објавиле шокантна снимка на која се гледа глувонем маж во ланци, а потврдено е дека мајка му го држела заклучен во куќата повеќе од 10 години.

Страшните снимки кои испливале во јавноста го прикажуваат глувонемиот Ванг Џичијанг (41), кој е врзан со ланци во камена куќа. Неговата 77-годишна мајка Јуе Ронг признала дека го држела врзан последните 12 години, за да го спречи да повреди други луѓе. 

Ванг е роден глувонем и како мал бил пратен во училиште за деца со посебни потреби. Меѓутоа, почнал да развива психолошки проблеми, бидејќи го злоставувале другите деца. Потоа го пратиле дома, каде родителите го врзале.

Неговата мајка рекла дека состојбата со време му се влошила и почнал да напаѓа други луѓе низ селото Денгфенг, во провинцијата Хенан. "Додека мојот сопруг беше жив, тој се грижеше за нашиот син. Но, кога умре пред 12 години, јас не можев сама да го контролирам", рекла Ронг. Како што рекла, немала избор освен да го врзе и да го заклучи во камена куќа. Неговата сестра, 50-годишната Ванг Шуфен, плачела секој пат кога ќе го посетела својот брат, кој животот го минувал како животно. Како што рекла, и се кршело срцето кога брат и ја молел да го ослободи.

Локалните власти му обезбедиле субвенции на семејството, но се надеваат и дека јавноста ќе помогне да се соберат доволно средства Ванг да се прати во психијатриска болница.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно