1 милијарда долари за нови воени системи дава Грција

1 милијарда долари за нови воени системи дава Грција


Грција најавува масовно трошење на пари за подигнување на вооружениот капацитет што е прв јасен сигнал упатен како кон домашната така и кон меѓународната јавност за зајакнување на одбраната со се поголемите тензии кои ги има со Турција .

За таа цел владата на Ципрас подготвува законски решенија кои ќе овозможат вложување на 1 милијарда долари во нови воени системи за сите три гранки на грчката војска.

За предлогот за таквите расходи се дискутирало на парламентарната комисија за вооружување. Претставници од сите партии во оваа комисија се согласиле дека има потреба да се преземат иницијативи за одржување на вооружувањето на армијата.

На седницата била одобрена и распределбата на речиси 55 милиони евра за поддршка на постоечките воени авиони за транспорт C-1340 и C-27.

Најголем дел од дискусијата била фокусирана и околу предлогот за одобрување на расходи во износ од една милијарда евра. Средствата треба да се доделат со цел итно исполнување на потребите на армијата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно