1 лица загина во поплавите во Албанија

1 лица загина во поплавите во Албанија


Невреме проследено со обемни и интензивни врнежи од дожд и силен ветер предизвика големи проблеми во поголемиот дел од територијата на Албанија.

Во повеќе населби во Валона и Фиер надојдената река Вјоса поплави повеќе куќи, а поради опасноста евакуирани се многу семејства. Поплавени се и делови кај Ѓирокастро каде има  лизгање на земјиште кое е пристигнато до блиските куќи. Во местото Загор под вода се културно-исторски споменици.

Немирното море со големи бранови услови прекин на морскиот сообраќај.  Два дена не сообраќаат траектите кон италијанскиот брег.

Невремето предизвика голем број дефекти  на електромрежата, па без електрична енергија се илјадници домаќинства во подрачјето на Елбасан, Ѓирокастро, Валона и Кукс. Во санирање на дефектите на терен ангажирани се 2.200 вработени на албанската Електродистрибуција.

При санирање на дефект, а како последица на струен удар, животот го загуби 32-годишниот електричар Фатјон Хоџа, жител на Луж, кај северниот град Тропоја, татко на две малолетни деца.

По низата обвинувања и критики на адреса на Владата за негрижа, премиерот Еди Рама на својот профил на Фејсбук напиша дека „државата е на својата задача“.

– Од вчера без прекин на терен ангажрани се сите државни структури во надминување на состојбата создадена од невремето и да бидат поблиску до погодените семејства, напиша Рама.

Поради големата количина вода на коловозите тешко се одвива и патниот сообраќај, а во акцијата за спасување патници заглавени во комби возило беше вклучен и хеликоптер.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно