ЗОИ 2018: Ветрот прави проблеми, евакуирана и публиката

ЗОИ 2018: Ветрот прави проблеми, евакуирана и публиката


Натпреварот во биатлон за жени, што требаше да се одржи на Зимските олимписки игри во Пјонгченг, откажан е поради ветар.

Одложувањето беше неопходно бидејќи силниот ветар им оневозможување на натпреварувачките да пукаат. Настанот е одложен за четврток и ќе се одржи пред машкиот биатлон. Ветрот е голем проблем во Пјонгченг, а претходно во среда беше осложен и слаломот за жени. 

Публиката во градот Гангенунг е евакуирана и однесена на безбедно место откако беше евакурано борилиштето поради налети на ветар. 

Поради безбедност демонтирани се и шаторите околу олимпискиот парк во тоа место, што го откажа и работењето на новинарите кои известуваат од хокеарските натпревари.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно