Во Сирија убиена кумановка, припадничка на Исламска држава

Во Сирија убиена кумановка, припадничка на Исламска држава


Во Сирија е убиена кумановка, припадничка на групата Исламска држава, а веста ја потврдиле блиски роднини.

Девојката од Куманово, како што пишува порталот „Реалитети“, од дома заминала пред четири години, а подоцна се дознало дека е во Сирија, во редовите на војската на Исламска држава. Според порталот, девојката е ќерка на познат бизнисмен од Куманово, а нејзините родители тогаш изјавиле дека била примерна ученичка и не очекувале да направи такво нешто. 

Досега, на боиштата во Сирија и Ирак убени се најмалку 15 лица од Македонија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно