Во Хрватска се преврте автобус

Во Хрватска се преврте автобус


Во Карловац се преврте автобус полн со патници, соопшти Хрватската национална телевизија. При несреќата повредени се седум лица, од кои пет деца, една 65 годишна жена и возачот.

Неофицијално, возачот по несреќата на повредените патници им пружал помош до пристигнувањето на итната помош, по што сите биле пренесени во карловачката болница. Автобусот превезувал ученици кон нивните домови, по завршувањето на попладневната настава.

Од болницата во Карловац потврдија дека седум лица побарале помош, од кои со најголеми повреди се стекнала жената која била хоспитализирана, додека децата не се во тешка состојба, но се задржани на прегледи. Во моментов се утврдуваат причините за несреќата. Властите велат дека дека најверојатно проблемот го предизвикал влажниот и лизгав колоз поради снегот што ја зафати земјата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно