ВМРО-ДПМНЕ со 35.000 амандмани ќе се обиде да го блокира повторното донесување на Законот за јазиците

ВМРО-ДПМНЕ со 35.000 амандмани ќе се обиде да го блокира повторното донесување на Законот за јазиците


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ досега поднела над 19.000 амандмани на Законот за употреба на јазиците, пренесуваат медиумите повикувајќи се на собраниски извори.

Партијата најавува дека ќе поднесе вкупно 35.000 амандмани. Амандамните постојано пристигаат во архивата на Собранието, каде службите работат со полна пареа. Дел од опозициските пратеници се во архивата каде на самото место ги потпишуваат амандманите.

Ова значи дека пратениците на опозициската партија преку т.н. „филибастеринг“ ќе се обиде да го блокира повторното донесување на Законот за употреба на јазиците.Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев вчера изјави дека вкупниот број на амандмани ќе зависи од одговорот на владејачкото мнозинство за нивните барања за повлекување на текстот и за дијалог.

Законот претходно беше донесен на 11 јануари, оваа година, но претседателот на државата, Ѓорге Иванов одби да го потпише указот за негово прогласување, по што тој повторно се враќа во собраниска процедура.Расправата за законот во трето читање е закажана за понеледник.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно