Видео технологијата згреши 18 пати на натпревар

Видео технологијата згреши 18 пати на натпревар


Никола Рицоли, инаку еден од најдобрите италијански арбитри во минатото, смета дека ВАР не е совршен. Статистиката која ја објави за Италијанците е поразителна. Технологијата згрешила во 16 до 18 спорни ситуации сезонав

Голема бура предизвика користењето на видео-технологијата како помош во судењето во италијанската Серија А, па кулминација на тој хаос се испратените писма со куршуми, како смртни закани за челниците на судиската асоцијација поради бројните грешки. Римски Лацио најмногу негодува на ВАР затоа што меѓу „орлите“ сметаат дека поради видео-технологијата останале без седум бодови на контото, а како што објавува „селекторот“ на италијанските судии Никола Рицоли, инаку еден од најдобрите италијански арбитри во минатото, ВАР не е совршен. Сепак, статистиката која ја објави за Италијанците е поразителна. Технологијата згрешила во 16 до 18 спорни ситуации сезонава.

Рицоли ги анализирал досегашните мечеви и моментите каде бил користен ВАР и 18 такви ситуации биле тотално погрешни. За италијанската јавност воведувањето на видео-технологијата не ги исполнила очекувањата.

„Заклучно со последното коло, ВАР донесе 16 до 18 погрешни одлуки од почетокот на сезоната“, изјавил Рицоли. Дебата за оправданоста на ВАР, кој ќе се користи и на претстојниот Мундијал и понатаму трае на Апенините, а мнозинството смета дека во многу случаи се покажал како вистински советник на арбитрите при проценката на спорните ситуации. „Технологијата не е гаранција дека грешки ќе нема. Тоа е невозможно. Поенатата на ВАР е да се намалат грешките. Ние стриктно го следиме меѓународниот протокол кои ги елиминира и најмалите видливи грешки, колку е тоа можно. Технологијата е тука да интервенира кај клучните ситуации. Хипотетички да кажеме судијата му се обраќа на ВАР и вели: 'според мене дефанзивецот прв дојде до топка и не е пенал'. ВАР му се обраќа: „Грешиш, не одеше на топка. Погледни ја снимката'. Тоа е прикер кога е потребно да се прегледа снимката. Мора да се држиме до протоколот, кој се однесѕва на сите“, додава Рицоли.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно