Велигденска сообраќајка

Велигденска сообраќајка


Во 05 часот на регионалниот пат Радовиш село Војиславци на место викано “Гладно Поле“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Фиат Добло“ со радовишки регистерски таблици.

Возилото било управувано од 21-годишниот Н.Р. од селото Војиславци излетало надвор од коловозот.

Н.Р. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки  телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно