УО на ФФМ ги разрешил Саша Кириќ и Вујадин Станојковиќ

УО на ФФМ  ги разрешил Саша Кириќ и Вујадин Станојковиќ


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го сменил досегашниот технички директор на А-репрезентацијата, Саша Ќириќ и го деградирал да работи во Академијата на „куќата на фудбалот“.

Оваа вест ја разбурка фудбалската чаршија, но не доби официјализација, зашто меѓу објавените одлуки на својот сајт, ФФМ не соопштува за смената, па затоа се поставува прашањето зошто ФФМ крие своја одлука за смена и прераспределба на досегашниот технички директор на репрезентацијата во Академијата.

За смената на поранешниот македонски репрезентативец фудбалските кулоари најавуваа уште пред три недели, но се чекаше враќањето на националниот тим од десетдневниот претстој во Анталија, каде што Македонија одигра два пријателски меча. На местото на Ќириќ би требало да дојде Данчо Масев, поранешниот фудбалер на Беласица и македонски репрезентативец, кој беше дел од струмичката генерација со Горан Пандев, Горан Попов, Ацо Стојков, Зоран Балдовалиев...

Да е циркусот поголем, откако се појавија првите информации за официјалната смена на Ќириќ од функцијата директор, побаравме точна информација од портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски, како и причините за смената, но добивме одговор дека – смена немало. Од претходно кулоарите гласно говореа дека смената на Ќириќ ќе се случи поради различните мислења и несогласувања со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој на секој начин сака да расчисти со неистомислениците во куќата на фудбалот. И тоа денеска е официјализирано.

Ќириќ, кој беше вистински идол на навивачите на Нирнберг за време на својата бундеслигашка кариера кога и најмногу го изгради своето име во фудбалска Германија беше технички директор на младата селекција, а потоа доби прекоманда во сениорскиот тим.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска на состанокот на Управниот одбор го сменила и досегашниот селектор на младинската селекција до 19 години, Вујадин Станојковиќ, одлука која „куќата на фудбалот“ ја крие и не ја објавува исто како и за смената на техничкиот директор на А-репрезентацијата, Саша Ќириќ, 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно