Твитер бришење поради тероризам

Твитер бришење поради тероризам


Твитер суспендираше над еден милион профили поради „промоција на тероризам“ од 2015 година, тврдејќи дека нивните напори довеле платформата да е „непожелно место“ за повикување на насилство.

Почнувајќи од август од 2015 година, па досега отстранети се дури 1.2 милиони профили кои промовирале вакви дејствија. Во втората половина на минатата година, суспендирани се преку 270 илјади сметки, што е многу помалку споредено со првата половина од 2017 година. Твитер соопшти дека 93 отсто од суспендираните профили биле „означени со интерни, сопствени алатки“ и дека 74 отсто биле прекинати уште пред првиот твит.

„Продолжуваме да ги следиме позитивните, значајни ефекти од напорната работа изминатите години, што доведе нашиот сајт да е непожелно место за оние кои сакаат да промовираат тероризам, што резултира ваквите активност се повеќе да се оддалечуват од Твитер“, се вели во соопштението на платформата.

Твитер беше под притисок од владите ширум светот да се бори против џихадистите и другите што повикуваат на насилни напади, додека истовремено да одржува отворена платформа за слободен говор.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно