Турција воведува цензура за интернет медиумите

Турција воведува цензура за интернет медиумите


Радиодифузното тело за контрола на радијата и телевизиите во Турција отсега ќе биде со зголемени овластувања кои ќе ги вклучуваат и интернет медиумите.

Ова е предвидено во предлог-законот што синоќа беше доставен во Парламентот. Според опозицијата овој закон ќе доведе до дигитална цензура.

Со новата регулатива контролниот орган ќе може да спречи аудио и видео материјали на интернет, објави на социјалните мрежи и филмови, доколку тие претставуваат закана за националната безбедност или пак шират неморал.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно