Турција уште еднаш на Франција и додели жолт картон

Турција уште еднаш на Франција и додели жолт картон


Турција ја предупреди Франција дека треба да избере меѓу неа и курдските милиции Сили за народна одбрана кои ги сака за сојузник во борбата во Сирија против групата „Исламска држава“ (ИД).

Турскиот министер за Европската унија Омер Челик по средбата во Париз со францускиот министер за надворешни работи и европски прашања Жан-Ив Ле Дриан, ја повика Франција да дејствува со цел курдските сили да го напуштат реонот на северниот сириски град Манбиџ.

– Нашите сојузници ќе треба да направaт избор во корист на Турција во борбата против ИД, а не на Силите за народна одбрана. Сакав да истакнам дека ние очекуваме Франција да не прави ништо за да ги охрабри или поддржи Силите за народна одбрана, рече Челик.

Тој отфрли секаква можност Париз да посредува меѓу Анкара и сириските Курди, со образложение дека нема разлика меѓу нив и Курдската работничка партија, „која со децении води бунтовничка кампања на турска територија“.

– Франција е наш сојузник, но не сакаме да слушнеме ниту една реченица од типот „Африн е окупиран’“, додаде Челик, осврнувајќи се на операцијата на Турција во Африн, во близина на турската граница.

Ле Дриан минатиот месец тврдеше дека операцијата во Африн е „длабок упад“, кој „не е оправдан“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно