Србија тврди-Есма не го заслужи ова

Србија тврди-Есма не го заслужи ова


Гробот без спомен плоча на една од најголемите хуманитарки во регионот, Есма Реџепова – Теодосиевска повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста.

Ако лани за истиот се пишуваше во нашите медиуми, сега и српските весници и телевизии се заинтересирале за случајот. Изминатата недела екипа на српска телевизија снимила репортажа на нејзиниот гроб, но и во куќата на Кале, и отворено порачаа – Есма не го заслужи ова!

Кога минатата година беше објавена веста за запуштениот гроб на кралицата на Ромската музика, се јави нејзиниот внук од брат, Аднан Реџеповски, кој долги години живее и работи во Германија. Тој, како близок роднина на музичката ѕвезда ни раскажа дека се работи на идејно решение околу тоа како би изгледало гробното место на Реџепова и како се ангажирани врвни професионалци. Исто така, раскажа дека народот ќе биде вчудоневиден од убавината на планираната спомен плоча, за која вети дека најдоцна за една година ќе биде готова.

Денес, спомен плочата на Есма се уште не е изработена. Аднан вели дека тешко му паѓаат сите новинарски приказни и обвинувања дека семејството не сака да го среди гробот на уметницата, но тврди дека вистината секогаш има две страни. Според него, вината во одолговлекувањето на изградбата лежела во лица вработени на гробиштата во Бутел.

-Минатиот месец дојдов во Скопје, со цел да се среди гробното место што е можно побргу. Но, не очекував дека ќе наидам на препреки, и тоа од страна на Бутел. Кога прв пат им кажав на вработените во Бутел, извесни Буцо и Анета, дека ние како семејство ќе го средуваме гробот, ни рекоа дека тоа е во ред и дека нема да имаме никакви пречки. Но проблемот се јави кога им кажавме дека ќе ангажираме приватна фирма за средување, а не нив. Се работи за компанијата ,,Цветковиќ’’ која ни понуди разумна цена. Гробното место треба да биде на три нивоа, односно на три ката, во гранит со црна и розева боја, имав замисла да се изведе и нешто како мала бина, да се постават бистите… Но од Бутел сакаа тие да го изработат, наместо приватната фирма, а ни понудија решение во мермер, што не ни се допадна. Кога им кажав дека дефинитивно гробот ќе го средува Александар Цветковиќ и неговата фирма, започнаа препреките – раскажува Аднан.

И така по принцпот, мама на тате, тате на мама, гробот на Есма остана науреден

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно