Специјален подарок од Роналдо за Рашфорд

Специјален подарок од Роналдо за Рашфорд


Кристијано Роналдо својата светска слава ја стекна како фудбалер на Манчестер Јунајтед, па токму поради тоа доста често им посветува големо внимание на играчите од овој клуб.

Големата ѕвезда на Реал Мадрид чувствува големи симпатии кон играчите кои потекнуваат од школата на Јунајтед, а дека навистина внимава на ситни детали сега ни откри Маркус Рашфорд кој доби специјален подарок од Кристијано.

Роналдо има своја брендирана колекција од американскиот бренд „Најк“, а сега му испрати една лимитирана верзија на патики на младиот Рашфорд кој остана воодушевен од подарокот.

– Ти благодарам за подарокот Роналдо, – напиша Рашфорд на социјалните мрежи.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно