Смртна закана, оти не ја признале Палестина

Смртна закана, оти не ја признале Палестина


Заканите со смрт ги добил бидејќи испраќачот на пораката смета дека тој е одговорен што се случил застој во признавањето на Палестина.

Словенечкиот политичар Јожеф Хорват изјави дека на електронската адреса на неговата партија добил анонимни закани со смрт, а наводно му се заканиле оние кои што сметаат дека тој е одговорен што Словенија, и покрај иницијативата на владата во заминување, не ја признала независната палестинска држава.

Хорват кој е член на демохристијанската Нова Словенија (НСИ) и претседател на парламентарниот одбор за надворешни работи, изјави дека заканите со смрт ги добил бидејќи испраќачот на пораката смета дека тој е одговорен што се случил застој во признавањето на Палестина.

„Заканите ги пријавив во полиција, која што смета дека се сериозни“, изјави Хорват, додавајќи дека не се смета за виновен за случувањата кои што довеле до блокирање на одлуката. Хорват како претседател на надворешно-политичкиот одбор, изминатите денови водел неколку седници кои се одржале на оваа тема, но кои биле прекинати поради немање кворум.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно