Сензација:Волчицата ја елиминира Барселона

Сензација:Волчицата ја елиминира Барселона


Рома приреди вистинска сензација на Олимпико откако со 3-0 ја победи Барселона и ја елиминираше од Лигата на шампионите, во полуфиналето ќе биде и Ливерпул кој славеше нова победа над Манчестер Сити, овој пат од 2-1.

Каква сензација во Лигата на шампионите, Барселона со 4-1 отпатува на Олимпико и доживеа елиминација од Лигата на шампионите, Рома направи чудо!.

Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Џеко постигна гол за 1-0, и во тие моменти никој не веруваше дека римјаните може на крајот да се радуваат.

Атмосферата стана жешка во 58. минута кога Де Роси од пенал погоди за водство од 2-0. Пике направи прекршок врз Џеко.

На Рома и требаше уште еден гол за полуфинале, италијанскиот клуб напаѓаше и до погодокот дојде во 82. минута кога Манолас постигна гол за победа од 3-0 и едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите.

Рома успеа, но Манчестер Сити не да анулира предност од три гола разлика. Ливерпул го доби и реваншот овој пат со 2-1.

Сити почна одлично, даде гол уште во втората минута преку Габриел Жесус и најави добар натпревар.

Имаше спорна ситуација кога Сане даде гол, но истиот беше поништен , не поради офсајд туку поради фаул над голманот.

Во 56. минута Салах го изедначи резултатот на 1-1, а Фирмино во 77. минута погоди за комплетен пресврт и победа на Ливерпул од 2-1.

Манчестер Сити и Барселона беа фаворити пред почетокот на четвртфиналните дуели, но двата тима ќе ги нема во полуфиналето.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно