Салах се радува на средбата со Тоти

Салах се радува на средбата со Тоти


Во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се соочат Рома и Ливерпул, а Мохамед Салах едвај чека да ги види своите поранешни пријатели.

Салах токму од Рома минатото лето пристигна во Ливерпул и сега има прилика да се врати на „Олимпико“. Таму срдечно ќе го дочекаат неговите поранешни соиграчи, но Египќанецот секако дека на теренот ќе сака да му донесе финале на Ливерпул.

„Тоа е мој поранешен клуб. Ги сакам навивачите на Рома и тие ме сакаат мене“, изјави Салах и додаде:

„Се уште разговарам со поголемиот дел од играчите и бевме блиски, останаа мои пријатели. Секако, имам убави спомени и заедно игравме две години, а добро си поминувавме и надвор од теренот“.

Еден човек Салах особено едвај чека да го види…

„Најмногу му се радувам на Тоти. Тој е неверојатен. Го обожавам. Добри пријатели сме  ме радува што ќе имам прилика повторно да се сретнеме“, заклучи Салах кој со 29 погодоци со Хари Кејн е прв стрелец во Премиер лигата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно