Саксофонистот Кире Кузманов има концерти по Европа

Саксофонистот Кире Кузманов има концерти по Европа


Во налетот на секакви концертни феномени со гостување на изведувачи со крајно сомнителен репертоар и изведувачки потенцијали, треба да се каже дека наши штипски инструменталисти, имаа концертни активности со светски познати музичари по Eвропа.

Во прв ред ваков настап и меѓународно вреднување има штипскиот инструменталист саксофонист Кире Кузманов.Тој со познатиот во светски рамки басист Еди Луис од вчера ја започна концертната активност во Австрија. Квинтетот уште го сочинуваатМарио Ром труба,Матијас Барта пијано и Анџелко Ступар тапани, синоќа настапи во Стајнаџ, денеска имаа концерт во Грац, а утре во Клагенфурт.Штипјанецот Кире Кузманов покрај тоа што се вбројува во најдобрите европски џез саксофонисти, заврши и магистрираше на џез академијата во Грац,  секако е одличен македонски амбасадор.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно