Промени во Ф1

Промени во Ф1


„Формула 1“ беше еден од најгледаните спортови, а челните луѓе се обидуваат да ја повратат старата слава и гледаноста на ова натпреварување, кое ниту од далеку не е како порано.

Една од работите кои повеќе не се интересни за публиката се токму квалификациите, нивната гледаност е драстично опадната, а она што челниците особено ги загрижува е што е паднат и нивниот профит.

За разлика од новините воведени во последните години, новиот предлог е навистина интересен и сериозно се разгледува, а тоа е – спринт на 100 километри.

Тимовите не би имале ограничувања на гориво и пневматици, а би морале да ја извозат наведената дистанца во еден здив и на тој начин нон-стоп би биле во прелиминарна борба.

Предлогот е доставен до сите екипи, по што ќе имаат прилика да се изјаснат за истиот.

Ние сметаме дека овој потег би ја вратил публиката на трибините, а доколку биде усвоен, ќе се применува од 2021 година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно