Присила Присли, тврди Елвис се самоубил

Присила Присли, тврди Елвис се самоубил


Поранешната сопруга на кралот на рокенрол музиката, Присила Присли, тврди дека Елвис свесно си го одзел животот, односно дека кобното предозирање не е нешто што се случило случајно.

„Тој добро знаеше што прави, верувајте ми“, изјави Присила, воочи премиерата на новиот документарен филм, кој го опишува животот на кралот на рокенролот.

„Тој добро знаеше што прави и логични се прашањата на луѓето: Зошто ништо не преземавте? Меѓутоа, тоа не е вистина. Многу пати се обидувавме да го спречиме да консумира дрога и го молевме да си дојде во себе. Но, знаете во што беше проблемот? Тој беше Елвис, на нему никого не можеше да му зборува што да прави“, изјави Присила.

Шокантните тврдења дека Елвис извршил самоубиство доаѓаат четири месеци откако беа откриени две проштални писма, кои наводно ги напишал самиот Елвис.

„Ми се гади од животот и помалку сум уморен. Ми треба многу, многу долг одмор“, му напишал наводно Елвис на својот менаџер.

И неговиот полубрат Стенли тврди дека Елвис намерно се предозирал, истакнувајќи дека му е сосема јасно дека Елвис размислувал за самоубиство.

Кралот на рокенролот и Присила се венчаа во 1967 година, а се разведоа во 1973 година.

Музичарот почина во 1977 година на 42 години.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно