Принципите на Трамп се како лански снег

Принципите на Трамп се како лански снег


Во своите неодамнешни твитови американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше бившиот претседател Барак Обама дека не наредил воена акција против владата на Асад кога таа наводно употребила хемиско оружје во 2013.

Тогаш Обама се закануваше дека секоја употреба на неконвенционално оружје ќе ја премине црвената линија на САД.

„Ако претседателот Обама ја преминеше својата сопствена црвена линија во песокот, сириската катастрофа ќе завршеше многу одамна! Животното Асад ќе беше историја“, напиша Трамп на Твитер пред една недела.

Сепак, на времето Трамп жестоко се залагаше САД да не вршат интервенција во Сирија. Во десетина твита во 2013 и 2014, тој тврдеше дека граѓанската војна во Сирија не е американски проблем и дека американските војници треба да се држат настрана. „Уште еднаш, до нашиот будалест лидер, не ја напаѓај Сирија - ако ја нападнеш, ќе се случат многу лоши работи и од таа борба САД нема да добијат ништо!“, му порача Трамп на 5 септември 2013 на тогашниот претседател Барак Обама.

САД, заедно со Британија и Франција, вчераутро ја нападнаа Сирија, како казна за наводната употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно