Почина работник во гостиварско, го згмечил багер

Почина работник во гостиварско, го згмечил багер


Четириесет и шестгодишен маж од село Лакавица починал откако при поправка на работна машина-багер бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дел

Несреќата била пријавена во полиција вчера во 14:10 часот, а се случила во село Беловиште-гостиварско. Како што соопшти МВР, лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и шестгодишниот А.Р., а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд. 

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно