Почина Јелена Жигон

Почина Јелена Жигон


Филмската легенда Јелена Јовановиќ Жигон (85) починала кратка болест, пренесуваат медиуми од регионот.

Јелена Жигон е родена на 3 ноември 1933 година во Белград.

Славната актерка била во брак со Стево Жигон, а е мајка на актерката Ивана Жигон и сликарот Никола Жигон.

Позната е по улогите во филмовите: „Првиот граѓанин на малото село“, „Пресметка“, „Дошло доба да се љубав проба“, „Љуби, љуби ал главу не губи“, „Каков дедо таков внук“, „Жикина династија“, „Втора Жикина династија“, „Луди години“, „Каде плови овој брод“ и многу други.

Неодамна новинарот Мишко Иванов во емисијата „Патот до успехот“ имаше прилика да направи ексклузивно интервју со големата југословенска актерка Жигон во кое таа зборуваше за изборот на професијата, за почетокот на животот со Стево Жигон, за жонглирањето на обврските, за партнерите на екран.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно