Параглајдерист пронајден мртов

Параглајдерист пронајден мртов


47-годишниот М.Ќ. од с.Мрзенци, гевгелиско, инаку член на Клуб за екстремни спортови бил пронајден починат над гевгелиското село Сермин.

 МВР информира дека на М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време починал.

Лекар од  Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.  

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно