Нико Ковач тренер на Баерн

Нико Ковач тренер на Баерн


Тренерот на Ајнтрахт ќе биде именуван за нов шеф на стручниот штаб на шампионот на Германија. Потрагата по нов тренер на Баерн Минхен е завршена!

Новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк (најизвестениот човек во Германија кога во прашање е Баерн), вечерва објави дека легендарниот Јуп Хејнкес ќе биде заменет со тренерот на Ајнтрахт Франкфурт,Нико Ковач.

Водечките луѓе на Баерн веќе неколку месеци беа во потрага по наследник на прославениот стратег кој се повлекува на крајот на сезоната, а профилот на Ковач се вклопува во она што го бараше гигантот од Минхен – добро зборува германски и ги познава случувањата во Бундес лигата.

Нико Ковач официјално именуван за нов тренер на Баерн ќе биде именувам до крајот на овој месец.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно