На Славонија (Хрватска) и требаат сезонски работници

На Славонија (Хрватска) и требаат сезонски работници


Иако оваа година се планираат според квотите на Министерството за внатрешни работи да се ангажираат 500 сезонски работници,  сепак и тоа ќе биде малку за Славонија каде се потребно берачи на грозје. 

Во Славонија и Барање фалат работници за корење лозје, така што некои фирми мораа и своите книговодители да ги изнесат на терен за да работат. 

„Се иселуваат и луѓе со навршени 60 години, што е незамисливо“- вели Жолтан Пинкерт .И додека едните се иселиле, другите подобро им е да примаат социјална помош, се жалат произведувачите. 

17 куни по час се нудат за берење јаболка или грозје во Барање. 

Произведувачите велат дека заради многуте давачки, не можат да им парираат на цените на море и во странство. 

Поради немањето работници се намалуваат површините и се откажуваат нови инвестиции. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно