На Хан му се испушти Македонија, Грците фркнаа

На Хан му се испушти Македонија, Грците фркнаа


Грчкото Министерство за надворешни работи остро реагираше за употребата на името Македонија од страна на еврокомесарот Јоханес Хан во изјава за германски „Шпигел“.

МНР на Грција се огласи со соопштение во кое го критикува за „повторна погрешна употреба на името на БЈРМ“.

„Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународното законодавство и да се воздржи од прекршување, меѓу другото, и на одлуките и заложбите на самата Европска Унија. Особено во еден критичен момент како што е актуелниот, кога се водат релевантни преговори.  Неговите повторувања на несоодветни фрази не придонесуваат за постигнување напредок во преговорите за прашањето за името, ниту пак, се во согласност со конструктивната улога што мора да ја имаат членовите на Европската комисија“, се наведува во реакцијата објавена на сајтот на грчкото МНР. 


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно