Македонка измисли лек против машка ќелавост

Македонка измисли лек против машка ќелавост


Весна Антовска е името на скопјанката која уште во текот на минатата година патентира два третмани/лекови за машка ќелавост.

Станува збор за рецепти односно комбинирање на неколку медикаменти со кои како што се вели може да се избегнат скапите хируршки третмани за трансплатација на коса или болните ласрски третмани.

Оригиналната тераписка шема за перорално/тописки третман-локална апликација на скалпот за лекување на андрогена алопеција претставува пронајдок од областа на медицината-подгранка дерматовенерологија.

Таа вклучува комбинација од неколку медикаменти изработени според две оригинални рецептури, предложени во патентот за симултана превенција и лекување на андрогена алопеција:

1). перорална терапија, како оригинална комбинација на неколку супстанции и оригинална комбинирана таблета

2).Оригинален водено-алкохолно- маслен тоник за локален третман. За прв пат се предлагаат две оригинални рецептури за два нови препарата: перорална комбинирана таблета и водено-алкохолен-маслен тоник.

Тоникот вклучува медикаменти кои имаат докажано анти-инламаторно дејство преку модифицирање на производството на простагландините локално на ниво на фоликулот. Комбинираната таблета вклучува витаминско-диететски компоненти. Лекувањето трае непрекинато и делува превентивно и тераписки по однос на андрогената алопеција.

Во состав на комбинираната таблета влегуваат витаминско-диететски компоненти кои не ги карактеризира можност за акумулација во човечкиот организам, па имаат минимални или никакви несакани дејства.

Тоникот истотака во себе вклучува неколку медикаменти и витамински компоненти. Заради локалниот начин на апликација на тоникот, се минимизира евентуалниот токсичен ефект на медикаментите на минимални, нештетни нивоа.

За прв пат се предлага комбинирана шема од перорален/тописки третман за андрогена алопеција, која овозможува безболен и ефтин третман на оваа состојба, за разлика на болниот третман со ласер и многу скапиот хируршки третман со трансплантација на коса“, пишува во образложението на првиот патент. тераписка шема за тописки третман-локална апликација на скалпот за лекување на андрогена алопеција претставува пронајдок од областа на медицината-подгранка дерматовенерологија

Таа вклучува комбинација од неколку хербални медикаменти изработени според две оригинални рецептури, предложени во патентот за симултана превенција и лекување на андрогена алопеција:

1). оригинален алкохолно-маслен хербален тоник за тописки третман;

2). оригинална маслена маска за тописки третман. За прв пат се предлагаат две оригинални рецептури за два нови препарата: оригинален алкохолно-маслен тоник и оригинална маслена маска

Обата препарата вклучуваат хербални медикаменти кои имаат докажано анти-инламаторно дејство преку модифицирање на производството на простагландините локално на ниво на фоликулот. Тие истовремено вклучуваат витаминско- диететски компоненти. Лекувањето трае непрекинато и делува превентивно и тераписки по однос на андрогената алопеција.

Витаминско-диететските компоненти не ги карактеризира можност за акумулација во човечкиот организам, па заради тоа имаат минимални или никакви несакани дејства. Заради локалниот начин на апликација, се минимизира евентуалниот токсичен ефект на медикаментите на минимални, нештетни нивоа.

За прв пат се предлага комбинирана шема од хербален тоник и хербална маска за тописки третман за андрогена алопеција, која овозможува безболен и ефтин третман на оваа состојба, за разлика на болниот третман со ласер и многу скапиот хируршки третман со трансплантација на коса, пишува во обрaзложението на вториот патент

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно