Конте , контираше дека е глупост да добие отказ

Конте , контираше дека е глупост да добие отказ


Можете да освоите трофеј и клубот да не биде задоволен поради оваа причина, па правилно е да го испратите тренерот

Антонио Конте е под притисок по двата неочекувани и високи порази од Бурнмаут и Вотфорд во Премиер лигата, па медиумите на островот и пошироко пишуваат дека неговите деновите на „Стемфорд Бриџ“ се изброени притоа посочувајќи го Луис Енрике како негов наследник.

Ова секако допира и до италијанскиот стратег кој се одлуча да испрати јасно и конкретна порака до управата на „сините“.

-Според мене продолжувате да работите со менаџерот не поради тоа што постигнува за една сезона, туку затоа што му верувате. Тоа не значи дека мора нешто да освоите, бидејќи тоа воопшто не е едноставно, особено во Англија. Можете да освоите трофеј и клубот да не биде задоволен поради оваа причина, па правилно е да го испратите тренерот. Во исто време управата може да верува во менаџерот и неговата работа, да продолжи со него, иако тимот на победува и се обидува да изгради нешто важно. Тоа се два начини, едниот е глупав, а другиот интелегентен, -порача Конте пред дуелиот со ВБА.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно