И удрил ќотек во кола

И удрил ќотек во кола


Во СВР Тетово, Џ.Ј. (22) од с.Селце, тетовско, со привремен престој во Тетово, пријавила дека физички била нападната од нејзинотo поранешно момче Ф.Н. (28) од Тетово.

Во наведеното време тие договориле средба, Џ.Ј. се качила во неговото возило и додека се движеле настанала расправија помеѓу нив.

Во еден момент од расправијата, Ф.Н. физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Кога пристигнале во с.Желино таа успеала да избега, но по кратко време изгубила свест и паднала.

Кога се освестила забележала насобрани граѓани, кои случајот го пријавиле во полиција. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно