Филипчо ќе прави фракција во ДПМНЕ?!!

Филипчо ќе прави фракција во ДПМНЕ?!!


Филип Петровски вечерва изјави дека е можно да создаде фракција во партијата.

Петровски вели дека има голема поддршка од членството, дека е постојано на терен меѓу луѓето и дека нема да го „украде“ членството од претседателот Христијан Мицкоски, туку легално ќе го преземе. 

Петровски рече дека целта му е да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ. 

За себе си рече дека поминал низ една голгота, додека се случуваше изборот на лидер на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Носени се луѓе кои глумеле делегати. Членството е со мене“ - рече тој. 

Тој рече дека на конгресот бил само милје за да изгледа дека конгресот е демократски. 

Фракцијата вели ќе се случи за брзо време, затоа што партијата и државата според него се во опасност. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно