ФФМ ќе подели половина милион евра

ФФМ ќе подели половина милион евра


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе подели, речиси пола милион евра на десет македонски прволигаши, меѓутоа со стриктна насока - да се користат само за младински категории.

Средствата кои УЕФА повеќе од една деценија ги доделува за поттикнување на младинскиот фудбал, ФФМ овој пат ќе ги подели на поинаков начин. Наместо на сите возрасни категории, за набавка на опрема, реквизити и за задоволување на останати потреби, сега овие пари ќе ги добијат прволигашите. 
Како што информираат од ФФМ, дел од фудбалските прволигаши барале овие средства т.н. Солидарен фонд да бидат поделени исклучиво на нив. ФФМ покажала слух и сега на десетте прволигаши (Вардар, Шкендија, Работнички, Пелистер, Ренова, Силекс, Победа, Шкупи, Брегалница и Македонија ЃП) ќе им бидат рамноправно поделени 457.195 евра.
Од Федерацијата потенцираат дека средствата мора да бидат вложени за развој на младинскиот фудбал и сите кои ги примиле ќе подлежат на посебна ревизија од страна на ФФМ, но и на УЕФА.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно