Фетел со пол позиција во Кина

Фетел со пол позиција во Кина


Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата за Формула 1 трката за Големата награда на Кина, а ја предводи најбрзата четворка на идентичен начин како и во квалификациите во Бахреин. За германскиот пилот ова е 52. пол-позиција во кариерата.

Возачот на Ферари во финишот го потисна на второто место својот клупски колега Кими Раиконен, а од вториот ред ќе стартуваат Валтери Ботас и Луис Хамилтон, кој исто како и вo Бахреин, имаше само четврто најбрзо време. Она што најмногу ги загрижува фановите на актуелниот шампион е што тој доцнеше 0,58 секунди зад Фетел.

Без многу изненадувања, веднаш зад претставниците на Ферари и Мерцедес, ќе стартува Ред Бул тандемот Ферстапен-Рикиардо, а пласман во првата десетка обезбедија и Хулкенберг, Перез, Саинц и Грожан.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно