Црноморската флота на нозе за Сирија

Црноморската флота на нозе за Сирија


На противвоздушната одбрана на Црно Море ѝ е дадено предупредување за напад, соопшти Карл Билт на Твитер, а веста ја пренесоа и дел од агенциите. Се чека официјална потврда.

Некои медиуми пренесуваат дека руското министерство за одбрана издало наредва борбената готовност на црноморската флота да се крене на највисоко ниво и дека е издадено предупредување за евентуален напад откако било забележано дека воени бродови на западната коалиција, предводена од САД, Британија и Франција, тргнале кон СиријаСпоред некои информации, нападот може да се случи во следните 24 часа. Се тврди дека испраќањето воени бродови кон Сирија е реакција на сѐ уште непотврдениот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума. За нападот се обвинува сирискиот режим на чие чело е Башар Ал Асад, и кој во сирискиот конфликт го поддржуваат Русија и Иран.

На итната седница на Советот за безбедност на ОН беше повикано на независна истрага, но набрзо дојде до вербален судир меѓу амбасадорите на САД и Русија во ОН. Рускиот претставник Василиј Небензја наведе дека Русија е длабоко загрижена од фактот што Вашингтон, но и Лондон и Париз „кои слепо ги следат САД“ се ангажирале против Русија и Сирија „без какво било оправдување“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно