Бока Јуниор го сака Буфон

Бока Јуниор го сака Буфон


Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс подготвува голем трансфер идното лето и во своите редови го посакува еден од најдобрите голмани во историјата на оваа игра Џанлуиџи Буфон, денес пишува локалниот медиум „Оле“.

Буфон неколку пати најави дека оваа сезона е последна за него, но клубот од „Бомбоњера“ веќе подготвува стратегија како да го предомисли Италијанецот и да го натера својата кариера да ја заврши во Аргентина. 

Од редовите на аргентинскиот клуб се надеваат дека ќе успеат во оваа намера и ќе го убедат Буфон да им се приклучи, па Бока би била само третиот тим на 40-годишниот чувар на мрежата во својата кариера. Пред да пристигне во Јувентус, шест години Буфон беше дел од тимот на Парма.  

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно