Англија не го бојкотира СП во Русија

Англија не го бојкотира СП во Русија


Нема план за репрезентацијата на Англија да го бојкотира СП во Русија. ФА не е Влада, а ние немаме план да ги казниме навивачите на Англија“, рекол Џонсон.

Иако Австралија најави бојкот на Мундијалот во Русија во знак на симпатии кон Велика Британија за шионската афера со труењето на двојниот таен агент Сергеј Скрипал, Англија нема намера да го бојкотира Светското првенство и фудбалската репрезентација сигурно ќе игра на најголемиот фудбалски фестивал. Иако првично имаше најави и од Англија по аферата со Скрипал дека може да се разгледува опцијата фудбалската селекција да не оди во Русија, сепак шансите сега и дефинитивно за таков бојкот не постојат, откако поранешниот градоначалник на Лондон и актуелен министер за надворешни работи, Борис Џонсон потврдил дека фудбалската селекција ќе игра на претстојниот Мундијал.

Бојкотот кон СП ќе биде исклучиво на дипломатско ниво, па уште од претходно премиерката Тереза Меј најави дека официјална делегација на Англија нема да оди во Русија поради труењето на Скрипал со нервен гас произвесен уште во времето на СССР. На СП во Русија нема да одат ниту официјални лица на Англија, ноту претставници на кралското семејство.

Нема план за репрезентацијата на Англија да го бојкотира СП во Русија. ФА не е Влада, а ние немаме план да ги казниме навивачите на Англија“, рекол Џонсон. Тој ги предупредил сите Англичани да внимаваат во Русија, особено сега поради затегнатите политички односи по шпионската афера од која веќе почна протерување на руски дипломати од земјите од ЕУ и од САД во знак на поддршка за Велика Британија. Навивачите мора да бидат свесни за можните политички тензии помеѓу Британија и Русија и мора да бидат внимателни“, додава Џонсон.

Англиските меидуми стравуваат од големи немири, особено што англиски хулигани со забрана за фудбалски мечеви сакаат освета за случувањата во Марсеј пред две години, кога руските хулигани ги претепаа островјаните. Но, сега на домашна територија, Русите веќе имаат и коалиција со Аргентинците, кои исто така ги мразат Англичаните поради војната за Фолкландските острови, па се најавува пекол за островјаните на Мундијалот.
СП во Русија се игра од 15 јуни до 16 јули, а Англија е во групата А заедно со Белгија, Панама и Тунис. Мечевите „Гордиот Албион“ ќе ги игра во Волгоград, Нижни Новогород и Калининград.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно