995 рудари извлечени од рудникот за злато

995 рудари извлечени од рудникот за злато


Сите 955 рудари кои беа блокирани под земја во рудникот „Беатрикс“ за злато во Јужноафриканската Република биле извлечени на површина.

Компанијата „Сибанје-Стилвотер“ во чија сопственост е рудникот, соопшти дека рударите останале заробени кога снемало струја поради невреме и ја оневозможило работата на лифтовите.

Националната унија на рударските работници претходно соопшти дека биле спасени 65 рудари.

Портпаролот на компанијата, Џејмс Велстед изјави дека сите рудари се во главно во добра здравствена состојба, но дека некои од нив имаат помали повреди и се дехидрирани. Рударите изјавиле дека тоа било многу стресно и трауматично искуство бидејќи немало доволно вентилација на воздухот.

По невремето било обновено снабдувањето со електрична енергија во рудникот „Беатрикс“ кој се наоѓа во градот Велком, на околу 290 километри југозападно од Јоханесбург.

Инцидентот укажа на проблемите во индустријата со злато во Јужна Африка, позната по длабочината на рудниците. Јужноафриканските рудари понекогаш работат на длабочина и до четири километри. Поради тоа рударските несреќи не се реткост во Јужна Африка. Според податоците на јужноафриканската Управа на рудниците, во 2015-та година во нив загинале 77 луѓе.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно