70 мртви од хемиско оружје

70 мртви од хемиско оружје


Сириското американско медицинско друштво (САМС) информираше дека со бомба е погодена болницата во која погинале шест лица, додека при напад со нервен гас е погодена околната зградаво градот Дума.

Сириските бунтовници ги обвинија владините сили за смртоносен хемиски напад на цивили во Дума, последното упориште на бунтовниците во Источна Гута. Додека дамаск го негира нападот, некои од хуманитарните организации проценуваат дека има и повеќе од стотина жртви.

Би-би-си јави дека спасители волонтери во Сирија пријавиле дури 150 жртви на нападот со отворен гас во градот Дума. Доброволците спасители од организацијата „Бели шлемови“ на Твитер објавија графички приказ на жртвите, додавајќи дека нивната бројка постојано расте.

Американскиот Стејт Департмент зјави дека ја следи ситуацијата и дека треба да се обвини Русија доколку е употребено хемиско оружје во нападот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно