100.000 долари за секој од победничката екипа

100.000 долари за секој од победничката екипа


Со цел зголемување на мотивот за квалитетна кошарка, раководството на НБА лигата одлучи двојно да ја покачи паричната награда за победниците на претстојниот „Ол-Стар“ натпревар.

Така, секој играч од победничката екипа ќе добие по 100.000 долари, во претходните изданија таа сума изнесуваше 50.000.

Играчите од поразената екипа ќе добијат по 25.000 долари.

Задоволни од вредните награди се и кошаркарите. Кајри Ирвинг од Бостон Селтик смета дека зголемениот паричен фонд за награди натпреварот ќе го направи поинтересен и дека покрај забавата ќе има и квалитетна кошарка.

Годинашниот собир на „Сите ѕвезди“ во најсилната кошаркарска лига на светот ќе биде на 18 февруари во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно