Шведската академија полна сексуални напади

Шведската академија полна сексуални напади


Претседателката на шведската Академија на науки, која ги бира добитниците на Нобеловата награда за книжевност, поднесе оставка од таа позиција

Таа тоа го направи поради критиките во врска со начинот на истрага на сексуалниот скандал поврзан со маж кој е венчан со една од членките на Академијата. Набрзо потоа, Академијата објави дека таа членка ја напуштила нејзината позиција, а по неа уште тројца членови се повлекоа од позициите минатата недела.

„Желба на Академијата беше да ја напуштам позицијата на постојан секретар, и јас тоа го направив“, соопшти Сара Даниус, која беше на таа позиција од 2015 година па наваму.

Сара Даниус е дипломец по литература, а таа во 2015 година стана првата жена која седнала во фотелјата како постојан секретар на шведската Академија за науки. Скандалот станува сериозен и се заканува со нарушување на имиџот на Нобеловата награда.

„Ова веќе почна да се заканува на интегритетот и угледот на Нобеловата награда, а тоа претставува голем проблем“, рече Даниус.

Обвинувања за сексуален напад и вознемирување се изнесени против Жан-Клод Арно, сопруг на членката на Академијата, Катарина Фростерсон, која исто така се повлече од функцијата. Обвинетиот негира дека го извршил делото, а обвинителството покрена прелиминарна истрага.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно