Двајца од Струга добија струшки кривични

Двајца од Струга добија струшки кривични


Две лица од струшко добија кривична пријава за кражба на цигари, лап топ компјутер и машка облека од маркет и бутик во Струга, при што се стекнале со противправна имотна корист од 116 илјади денари.

– Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“ и едно казнено дело „тешка кражба во обид“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.О.(27) од Струга и против П.С.(27) од струшкото село Брчево, соопшти МВР.

Пријавените, како што е посочено во соопштението, казнените дела ги сториле на 3 март оваа година во временски период од 00:00 до 06:00 часот во Струга, најнапред во маркет лоциран на улицата „Маршал Тито“, во бутик на кеј „Борис Кидрич“, а потоа и во угостителски објект на Кеј „8 Ноември“.

Во извршувањето на казнените дела, пријавените користеле подесен алат со кој ги кршеле катинарите и бравите од влезните врати, а потоа насилно ги отворале. Од маркетот и бутикот, двајцата пријавени одзеле пари, цигари, лап топ компјутер и разна машка облека.

Со извршувањето на казнените дела С.О. и П.С. се стекнале со противправна имотна корист од 116.000 денари.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно